Реклама

Трет пораз за младите ракометари на Борец

Borec Delcevo

Младите ракометари на Борец го доживеаа третиот пораз во Првата лига -плеј аут. Подобри од нив беше екипата на Делчево со резултат 35:33, и со тоа се израмнија на табелата на делба на третото место.

Иако гостите од Велес првото полувреме го добија во своја корист, не успеаја да ја задржат предноста до крај. Немаа решение за расположениот Мирче Ѓорѓиев кој постигна 14 гола.

Kegi Mobi

Најефикасни кај Борец беа Андовски со девет и Миленков со седум. Следен предизвик за ракометарите на Борец е повторно гостување, овојпат кај Риниа која се наоѓа на претпоследното седмо место на табелата.

Можеби ќе ве интересира: