сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Лекција како се победува епидемија: Југославија во 1972 година за само еден месец вакцинираше 18 милиони луѓе

И додека балканските земји некако се носат со кризата предизвикана од коронавирус, истата ги потсети постарите генерации на тоа дека веќе еднаш почувствувале карантин и следење на контактите – кога Југославија во 1972 година успешно ја совлада последната европска инфекција со големи сипаници пред 50 години.

Многумина од постарите се уште се сеќаваат на добро организираниот и бесплатен систем кој далеку го надминува денешниот. И тогаш, како и денес, имало прогласување на карантин, рестриктивни мерки, но и масовна вакцинација на населението.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Имено, во тоа време југословенските здравствени власти успеале да вакцинираат 18 милиони луѓе за само еден месец. Главниот виролог во тоа време, Ана Глигиќ, во интервју за српски „Блиц“ објаснува дека луѓето во тоа време не ја доведувале во прашање ефикасноста на вакцината, ниту пак се прашувале воопшто за нешто.

Содржината продолжува под рекламата

„Речиси целата држава беше вакцинирана во рок од еден месец, а епидемијата беше завршена за нешто повеќе од два месеци“, вели таа.

Бидејќи оваа инфекција не била забележана од 1930 година, локалните лекари не ги препознале веднаш симптомите, но откако сфатиле за што станува збор, машинерија од армија, полиција и доктори, воспоставиле карантини и кампови, а била издадена и наредба за масовна вакцинација.

„Вакциниравме 18 милиони луѓе уште на самиот почеток. Од прогласувањето на епидемијата, толку луѓе беа вакцинирани во рок од 10 дена. Редици луѓе застануваа на ред без дилема и без прашање, а постојат и видео снимки од настанот. Немаше потреба од принуда за вакцинација, се беше на доброволна основа“, вели Глигиќ.

Таа додаде дека во тоа време постоела само една вакцина со која сите Југословени биле вакцинирани.

„Беше само една вакцина и за неа се знаеше дека е многу ефикасна, и дека успешно се бори против „вариола вера“ (сипаница)“, вели докторката.

По три месеци оваа битка била добиена, вкупно биле 175 заразени и 35 починати, а инфекцијата воопшто не излегла од границите. Вирологот за крај посочи дека граѓаните мора да се потрудат да го спречат ширењето на инфекцијата.

„Или ќе ја стопираме епидемијата или ќе ја оставиме да не изеде“, додава Глигиќ.

Извор: ТВ21

Можеби ќе ве интересира: