сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Еден починат како последица од коронавирусот во последните 24 часа во Велес, на кислородна поддршка се 26 пациенти во велешката болница

Veles Malo movce Oktomvri 2021

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19. Од нив 26 случаи се во Велес а едно лице на 48 годишен велешанец е нова жртва на коронавирусот. Тој вчера починал во велешкиот ковид центар.

Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 54 пациенти со ковид-19, од кои 32 се со потврдени позитивни тестови, пет пациенти се сомнителени на вирусот, а 17 пациенти имаат со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 26 пациенти.

Agria

Состојабата по градови е следна:

Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци имаат по 10, Радовиш – шест, Штип и Свети Николе по пет нови случаи, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по четири, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по тројца новозаразени, Валандово – двајца, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод имаат по еден нов случај.

Од 12-те починати во изминатите 24 часа, шест се од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), двајца починати се од  Кочани (66г, 63г), по едно починато лице има од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

Можеби ќе ве интересира: