Реклама

Кирил Ивановски: Сакаме три бода против Железарец и реванш за поразот во Велес

Kiril Ivanovski Kegi Mobi

Десетото коло од Првата македонска футсал лига носи пет натпревари. Во еден од нив КМФ Железарец ќе го пречека составот на Кеги Моби. 

Пред натпреварот зборуваше фудбалерот на велешани, Кирил Ивановски кој најавува реванш за неуспехот на првото соочување во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Железарец е многу добар тим, со добар квалитет, но ние ги знаеме нашите квалитети и мора да играме на победа. Ќе бидат три многу значајни бода за нас, доколку ја постигнеме целта, бидејќи на овој начин би биле се зацврстиле на четвртата позиција и би се реванширале за тој пораз во Велес“, смета Ивановски.

Натпреварот во Скопје ќе се одигра денес со почеток од 19 часот. А во рамките на 10 коло веќе се одиграа два натпревари. Шкупи го совлада Енхалон со 9:3, додека Крадаку го совлада составот на Црна Река со 3:2.

Можеби ќе ве интересира: