Реклама

Уништени се ѕидовите покрај главната улица на археолошкиот локалитет Виничко кале

Извадени камења, урнати ѕидови. Уништени се ѕидовите покрај главната улица на археолошкиот локалитет Виничко кале. Настрадале и камењата од ѕидот на конзервираниот дел што е заштитето по археолошките ископувања од осумдесетите години од минатиот век.


“Првата штета ја имаме констатирано дека е направена на 28 Февруари, но тоа беше мала штета, а се претпоставуваше дека е и можно да е од временски влијанија. Но потоа испадна дека сме грешка, увидовме дека некој намерно го има направено”. Изјави Златко Костадинов, директор на музеј Теракота- Виница

Agria

Поради пандемијата со корона вирусот на археолшкиот локалитет нема официјални посетители па се претпоставува дека штетата е направена во овој период. Бидејќи се работи за значаен археолошки локалитет, направената штета е непроценлива. Овие камења тука опстојале со векови, но не го издржаа последниот напад на вандалите.

Освен ѕидовите низ годините систематски се искршени сите канделабри што порано го осветлуваа бедемот, корпите за отпадоци се однесени, а камерата поставена за безбедност е одамна искршена, а врвот на Виничкото кале е познато место за полноќни забави дури и во полициски час.

“Расфрлано е по теренот. Можам да кажам дека имаше секаков вид на ѓубре. Од кутии за пици до шишиња стаклени и пластични, аи имаше и измет.” Вели Златко Костадинов, директор на музеј Теракота- Виница.


Локалитетот Виничко кале е познат по теракотните икони што се светска реткост во ранохристијанската археологија, но и се вистински промотори на историјата на овој крај.
‘Теракотните икони датираат од крајот на 5 век наша ера, тоа е ранохристијанство. Тие се правени од глина, моделирани во калап а темите се од библијата односно од стариот и новиот завет. Претставени се христолошки мотиви, псалмите на Давид се претставени и одредени светители.” Раскажува Благица Стојанова археолог


За одржување на Виничко кале што е под заштита на државата се грижи муизејот Теракота од Виница што е под ингеренции на локалната власт. Археолозите со години бараат локалитетот да добие чуварска служба, но досега државните институции задолжени за чување на културното наследство нема позитивен одговор.