Реклама

Албанец за премиер на Македонија е тешка манипулација

Да не си играа со емоциите на Албанците во Северна Македонија, изјави денеска Мендух Тачи, претседател на ДПА. Тој вели дека премиер Албанец е “тешка манипулација” а лидерот на ДУИ го прави тоа бидејќи се наоѓа во позиција на мртов агол.

“Тешка манипулација со емоциите на Албанците. Ахмети имаше 18 пратеници и беше 10 години на власт со Никола Груевски. Дволично купување на политики поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определби, тоа ќе го направеа 2003, 2008 година. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол” и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економија. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласовите на Албанците”, вели Мендух Тачи.

Agria

Тачи вели дека ДПА со години има идеја за заменик-премиер Албанец, што според него е етички, правно и политички коректно, наместо предлогот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Извор: Радио Слободна Европа