Реклама

(ВИДЕО) Еве како од воздух изгледаше првото кино на отворено во Велес

Drive in cinema 5

Во саботата вечерта се одржа првото Drive In Cinema или кино на отворено во Велес. И покрај дождливото време, настанот беше одлично посетен, благодарејќи на добрата организација на момците до Младинското здружение „Транспарент фјучр“. Погледнете како изгледаше целиот настан сниман од воздух:

Мотото на овој настан е „Од Велес, за Велес“. Сите овие луѓе што ги гледате се од Велес, кои се потрудија да направат нешто за Велес, да му вратат на градот, за сè што тој им дал. Докажавме и покажавме дека младината знае, може и сака. Уживајте!

Публикувахте от Bube Crvenpanov в Неделя, 5 юли 2020 г.

Момците од „Транспарент фјучр“ имаа огромна помош од многу пријатели, другари и познаници, без разлика дали се тоа нивни врсници или се повозрасни луѓе. Ова е видеото кое за оваа прилика го изработија двајца млади велешани, Стефан Николовски и Филип Христовски, инаку студенти на факултет за драмски уметности, а го сними и режираше Бојан Коцев.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами