вторник, 29 септември, 2020
Реклама

Во Србија, 255 нови случаи на коронавирус, починаа шест лица

Korona smrten slucaj Srbija

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани уште 255 новозаразени лица, a во истиот период, тестирани се вкупно 8.014 лица.

Според Министерството за здравство, хоспитализирани се 3.096 лица, за жал, уште 6 починале, а има и 121 пациенти на респиратори.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 27 863 случаи на коронавирус во Србија, а 632 лица починале.

Епидемиолозите, и покрај падот на бројот на пациенти, повикуваат на претпазливост. Носењето маска е една важна мерка што дава резултати, а избегнување на истата во затворено е прекршок.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами