На 11 ноември 2025 година, околу 13:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода 35-годишниот А.С. од Велес.
Како што информира полицијата, при извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и други предмети поврзани со недозволена трговија со дрога.
Откако ги забележал полициските службеници, А.С. се обидел да побегне, при што еден од нив испукал предупредувачки куршум во воздух, по што тој застанал и бил приведен.
Лицето е задржано во полициска станица во Велес, а за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















