Ракометните пионери на „Гемиџии“ утре од 11 часот ќе го одиграат последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната. Велешкиот состав го очекува тешко гостување во спортската сала во Автокоманда, каде ќе се соочи со второпласираниот тим на „Алкалоид“, кој досега има само еден пораз.
По минатонеделниот триумф над „Шампион“, младите велешки ракометари влегуваат мотивирани и со надеж за добра игра против фаворитот во овој дуел. Тренерскиот тим очекува борбен и дисциплиниран настап, со цел да се затвори есенскиот дел со позитивен впечаток.
Судии на натпреварот ќе биде судиската двојка Ѓорѓиевски – Стефан и Моника од Скопје.

















