
Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница по подолго време падна под 20. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 18 пациенти поради коронавирус, од кои 17 се со потврден позитивен тест, а еден е сомнителен. Драстично е намален и бројот на пациенти на кислородна поддршка, откако денеска само седуммина имаат потреба од тоа.
На инфективното оддление се лекуваат 16 пациенти, а двајца се сместени на интерното одделение. Од болницата велат дека денесак еден пациент е транспортиран на Клиника за Инфективни болести во Скопје.
Денеска во Велес се регистрирани нови 19 случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата во овој град со коронавирус се заразија 3037 граѓани, од кои 2678 се излекуваа, а 102 починаа. Активни се се уште 257 слулаи.
Можеби ќе ве интересира: