Дел од патот од езерото „Мадост“ кон село Сопот и винаријата „Шато Сопот“ доби асфалт. Ова е првиот, од вкупно 18 подпроекти на Општина Велес, кои се дел од големиот проект ,,Паметно Езеро Младост – Прва иновативна туристичка дестинација во Македонија“, вреден над еден милион евра, финансиран од ЕУ, а го спроведува Светска Банка. Патот е долг 726 м и просечна широчина од 3 до 3,5 метри и вредност во вредност од 70.000 евра, обезбедени од Европска Унија.
„Со понудата и содржините на Езеро „Младост“, Велес станува важна туристичка дестинација за транзитен, рекреативен, вински, спортски и риболовен туризам“, вели Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
Освен асфалтирањето на овој пат, асфалтирани се и пешачките тротоари покрај езерото, се поставуваат канделабри за осветлување на пешачката патека, изграден е паркинг, а градежни работи се изведувааат и во „Паркот на авантурите“ и „Еко кампот“.
Со проектот е предвиден еко – камп со седум типизирани куќички, авантура парк за деца, осветлена пешачка и патека за велосипеди, дигитален паркинг, смарт велосипеди и клупи.
Проектот ќе чини преку еден милион евра. Десет проценти ги обезбедува општинскиот буџет. Останатите пари се преку ИПА фондовите на Европската Унија, а со нив ќе управува проектот за локална и регионална конкурентност на Светска Банка.
Можеби ќе ве интересира: