(ФОТО) Нанев прозиваше, Кеги Моби ги „запали моторите“

На 25 дена пред стартот на првенството, во КМФ Кеги Моби од денеска е работно, со тренинзи и со планови за новата сезона, и со помладен, а од клубот уверуваат и поквалитетен од ланскиот состав.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Годинава со седум засилувања во клубот ќе атакуваме на горниот дел на табелата и обезбедување на ран опстанок тоа што лани не мачеше до последното коло. Не чека тежок период во припремите и првенство каде секој натпревар за нас ќе биде финале. Од младите играчи очекуваме докажување и трка во текот на цела сезона со противниците и докажување за големи амбиции“, изјави Кирил Ивановски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И оваа сезона, тимот од клупата ќе го води Панче Нанев, помогнат од Александар Пановски и долгогодишниот голман на клубот Даниел Стефановски кој ќе биде тренер на голманите.

„Ќе се потрудиме годинава да направиме стабилни темели за да можеме наредна година да имаме повисоки амбиции за престиж во топ 3 екипи во лигата“ потенцираше Ивановски.

Од клубот истакнаа дека со посветеноста кон футсалот и организациски работи котираат високо над некои од останатите екипи. Во наредниот период ќе бидат објавени и овогодинешните засилувања и играчкиот кадар со кој располага клубот.

Можеби ќе ве интересира: