Во рамки на 8. коло од Третата фудбалска лига – Југ, екипата на Борец 1919 оствари убедлива победа на гостински терен, совладувајќи го тимот на Дреново со 5:2. Со оваа победа велешани го задржаа првото место на табелата и ја продолжија победничката серија.
Херој на натпреварот беше Теодор Мирчевски, кој со четири погодоци (37’, 42’, 48’ и 61’) ја предводеше својата екипа до триумф. Петтиот гол за Борец 1919 го постигна Филип Ефтовски во 66. минута. За домашните од Дреново стрелци беа Ернес Амедоски (49’) и Никола Арсов (79’).
Борец 1919 со оваа победа останува лидер во лигата, а во наредното коло го очекува дербито на Велес – дуелот против Превалец. Средбата ќе се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“, и ветува возбудлива битка за врвот на табелата.

















