На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде задржувањето е околу 1 час.