Општина Велес ќе направи неколкудневна анкета преку средствата за јавно информирање со цел да се утврди колкав е интересот на граѓаните за посета на езерото Младост со организиран превоз.
Во зависност од бројот на заинтересирани граѓани кои ќе сакаат летните денови да ги поминат на езерото, ќе се утврди дали општината ќе организира превоз само во деновите од викенд или пак и за време на работните денови.
„Тогаш ќе се знае во кои денови ќе се обраќаат автобусите, во колку часот ќе тргнуваат, како ќе биде организирана линијата, на кои автобуски постојки ќе можат да се качуваат и кога ќе биде враќањето од езеро назад кон Велес, за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го направиме езерото Младост што подостапно за нив, посебно сега откако ќе завршат преостанатите активности од Паметно езеро Младости и откако ќе биде дограден детскиот забавен парк за деца со попречености“, истакна радоначалникот Коцевски.
Можеби ќе ве интересира: