Почина актерската легенда Мето Јовановски

meto jovanovski

На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац.

Zito akcija 640x289px

Роден е во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско и во 1971  завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Agria

Јовановски се појавува во над 60-тина филмски и телевизиски наслови. Неговите незаборавни улоги се во филмовите – „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.

За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Можеби ќе ве итнересира: