Повреден мотоциклист на регионалниот пат Велес-Градско

Мотоциклист од Србија е тешко повреден откако излетал од коловозот на регионалниот пат Градско – Велес. Несреќата се случила вчера, а со мотоциклот „БМВ“ со српски национални ознаки управувал Б.М. (55), информираат од МВР. Повредите се констатирани во Општата болница во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес. Moжеби ќе ве интересира: