Пожар блиску до куќите на селото Грнчиште

Од доцна попладне пожарникарите се борат со пожар кај село Грнчиште, Општина Градско, што е блиску до куќите на селото, каде што гори сува трева нискостеблеста вегетација. Општината побара помош, бидејќи немала ниту ПП сили ниту ресурси, известија од Центарот за управување со кризи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Притоа, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, иако се и на гаснење на други пожари, кога го ставија под контрола пожарот кај село Оризари отидоа на помош.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пожарникарите од Велес, со едно ПП возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен дејствуваат врз пожарот и го бранат селото. Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти. Инаку, заради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка.

Можеби ќе ве интересира: