Пожар кај депонијата во Росоман зафати лозови насади и овоштарници

Pozar Deponija 05.08.2021

На 29 јуни 2025 година околу 14:00 часот, во ОВР Кавадарци е пријавен пожар кој избувнал на депонијата во Росоман, по што огнената стихија брзо се проширила и зафатила три приватни ниви со лозови насади, овоштарници и системи за наводнување.

Благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, пожарот е целосно локализиран и изгаснат. За среќа, во настанот нема повредени лица.

Agria

На терен излезе државен инспектор за животна средина, а увид беше извршен и од увидна екипа на ОВР Кавадарци. Причините за избувнувањето на пожарот сѐ уште се истражуваат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: