ЗНМ денеска избира претседател

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе одржи редовно годишно изборно собрание на кое ќе се избира нов претседател. Покрај актуелниот претседател Младен Чадиковски, за позицијата претседател на ЗНМ кандидатури поднесоа и Марјан Николовски и Фиљана Кока. Денеска се избираат и нови члена на Управниот и Надзорниот одбор и на Советот на честа.