Локални вести

Кавадарци добива велосипедско – пешачка патека

На крајот од изградбата е велосипедско – пешачката патека од село Ваташа до Моклиште, која со доизградбата на кејот на реката Луда Мара ќе го поврзува и Кавадарци со месноста Моклиште. Патеката е повеќенаменска, ќе биде со обележан простор за велосипедисти и пешаци. По должината на патеката на неколку локации …

Прочитај повеќе

Велешанец починал од повреда во несреќен случај, на рентген му е откриен и коронавирус

Veleska bolnica 997x485

Велешанец на 65-годишна возраст денеска почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје. Тој вчера имал несреќен случај, по што му пукнала аорта. Неговата рентген снимка направена во велешката болница синоќа покажала дека освен дисекција на аортата, имал и наод на бели дробови, карактеристичен за ковид-19, …

Прочитај повеќе

Ученик во трето одделение од велешкото училиште „Блаже Конески“ позитивен на коронавирус

blaze koneski

Ученик од трето одделение од велешкото училиште „Блаже Конески“ е позитивен на коронавирус. Резултатот стигнал синоќа, по што семејството на ученикот веднаш го известило училиштето. Детето најверојатно се заразило од членови на семејството, бидејќи уште минатата недела дедото на ученикот имал позитивен тест. Поради тоа, родителите го известиле училиштето уште …

Прочитај повеќе

Хуманитарна акција за неделата на борба против гладта

OOCK VELES AKCIJA ZA GLADTTA

Општинската организација на Црвен крст во соработка со Жито Маркети ќе реализира хуманитарна акција по повод Денот и Неделата на борба против гладтта. Со мотото „Помислете и на нас“ апелираме до сите хумани граѓани, пронајдете ги одбележаните места за донации во Жито Маркетите кај градскиот пазар,до Гимназијата,во близина на ОпштинаВане …

Прочитај повеќе

Уапсен велешанец, полицијата му пронашла „кафеава прашкаста материја“

policija vozila

Скопската полиција вчера уапси 39-годишен велешанец кај клучката Арачиново. По претресот кој му го извршила, полицијата кај него нашла сомнителна материја. „На 14.10.2020 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје кај клучка Арачиново го лишиле од слобода И.Е.(39) од Велес, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена …

Прочитај повеќе

Велешката полиција изрече двоцифрен број казни за неносење заштитни маски

policija maski

Полицијата вчера казни 39 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 14 казни, а во Неготино осум граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. „Во период 15./16.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита …

Прочитај повеќе

Намален бројот на пациенти, зголемен бројот на легла на „Заразно“ во Велес

Infektivno Veles 997x485

Намален е бројот на пациенти со коронавирус, хоспитализирани на инфективното одделение во велешката болница. Денес таму се лекуваат 26 пациенти или девет помалку од вчера. Од нив, 24 се потврдени позитивни на ковид-19, а двајца се сомнителни. Во исто време, девет пациенти се во потешка состојба и добиваат кислородна поддршка. …

Прочитај повеќе

Велешанец заработи кривична за „дилање“ дрога

hasis

26-годишниот велешанец, во чиј дом полицијата пред една недела пронајде дрога, заработи кривична пријава. Велешанецот со иницијали Т.Ј. беше фатен минатата среда, кога полицијата околу 23 часот му влезе дома и при претрес му ја откри дрогата. „СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(26) од Велес, поради постоење основи на …

Прочитај повеќе

41-годишен велешанец попладнево итно е транспортиран на Инфективна во Скопје

Brza pomos vozilo

Велешанец на возраст од 41 година, позитивен на ковид-19, попладнево е итно префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Нему утрово му се влошила состојбата, откако имал пад на сатурацијата. Претходно, тој една недела бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница. 41-годишниот велешанец е четвртиот пациент кој во …

Прочитај повеќе

Велешката полиција „нема милост“ кон непочитувачите на обрската за носење заштитни маски

policija maski

Полицијата вчера казни 49 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 11 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. „Во период 13./14.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита …

Прочитај повеќе