Локални вести

На забар само на закажано и ако е итно!

zabolekar

Ако сакате да одите на заболекар, морате да закажете преку вашиот матичен стоматолог. Сепак, тој не е должен да ви закаже термин, доколку не оцени дека навистина имате потреба од интервенција. Ова е новиот начин на работа на стоматолозите во услови на криза поради коронавирусот. Од денес (вторник, 31 март …

Прочитај повеќе

Сто скафандери за велешката болница донираше Уни Агро

Uni Agro3

Не престануваат донациите од велешките фирми за здравствените работници. Земјоделската компанија Уни Агро донираше сто скафандери за вработените во велешката болница. Овие скафандери се изработени од квалитетен материјал „кепер“ и имаат сертификат за сто перења на вриење. Чинат околу 100 илјади денари, а специјално за оваа намена, ги сошила македонска …

Прочитај повеќе

Нема одмор за полицијата. И ноќеска бркаше непочитувачи на полицискиот час.

Policiski cas 31.30.2020

Полицијата уапси тројца велешани и петмина кавадарчани минатата ноќ. Тие не го почитувале полицискиот час и спротивно на владината одлука, се движеле без соодветни дозволи. Најдисциплинирани минатата ноќ беа неготинчани. Во Неготино нема регистрирано ниту едно прекршување на полицискиот час. Инаку, во овие три града, припадниците на полицијата од СВР …

Прочитај повеќе

Ронтис произведе и донираше 500 визир-маски за велешките здравствени институции

Rontis3

Петстотини рачно изработени визир-маски за заштита од ширење на коронавирусот изработија вработените од велешката фирма Ронтис која произведува медицинска опрема. Маските се донацијата од оваа фабрика, за медицинските работници во Велес. На нив работеа 18 административни работници на Ронтис, предводени од директорката Бојана Димовска. „Со големото искуство што тимот на …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните од ризичните групи и понатаму да не одат на работа

Venko Filipce 30.03.2020

Продолжено е оправданото отсуство од работа на луѓето кои спаѓаат во ризични групи, односно граѓани кои имаат хронични заболувања, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. На прашање на Батали.нет, министерот Филипче објасни дека целата комуникација на тестираните пациенти се одвива со матичните лекари. Погледнете го одговорот …

Прочитај повеќе

Пристигнаа резултатите од тестовите за коронавирус за велешаните кои се тестираа до минатиот петок

Infektivno Veles

Негативни се тестовите за коронавирус на оние велешани, на кои брисеви им беа земени до минатиот петок. Освен вчерашните тројца заразени, останатите немаат КОВИД-19, изјави за Батали.нет директорот на Центарот за јавно здравје Велес, Тони Димитриевски. „Освен тројцата од вчера и првите тројца од минатата недела, кои беа позитивни, останатите …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Нови заразени во Велес, почина 31 годишнен скопјанец од коронавирус

Filipce 29.03.2020 slika

Нови тројца велешани се позитивни на тестот за коронавирус, објави пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Засега, нема информација дали тие се поврзани со првите тројца заразени. Со новите тројца, во Велес има вкупно шестмина позитивни на КОВИД-19. За прв пат вирусот се појави и во Струмица и Гевгелија, …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Филипче: Ќе ги набавиме и оние лекови за хронично болните, кои кај нас ги нема

Filipce 29.03.2020

Почната е постапка за набавка на лекови за хронично болните, кои досега се набавуваа од странство, за некои од нив веќе лекови има. Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, како одговор на прашањето на Батали.нет. Министерот Филипче им предложи на оние хронично болни пациенти, …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО+ФОТО) Како изгледаше Велес попладнево во полициски час

Veles 28.03.2020

Првиот продолжен викенд-полициски час во попладневните часови во Велес помина мирно. Кучињата скитници се „главните шизици“ по улиците. Повремено, можеше да се забележи по некој автомобил или пешак. Полиција патролира по улиците и ги сопира оние кои се движат по нив, да провери дали имаат дозволи за движење во полициски …

Прочитај повеќе

Нов смртен случај, нови заразени, нема велешани меѓу нив

bolnica Bergamo

Нови 22 случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа, објави пред малку министерто за здравство Венко Филипче. Меѓу нив нема новозаразени велешани. Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во …

Прочитај повеќе