недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Кривична за велешанецот кој правеше свадба во полициски час

romska-svadba

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р. Д. (41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

„На 8 мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот, пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица“, се вели во информацијата на МВР.

За свадбата се крена голема врева во јавноста, откако Батали.нет објави видео од веселбата. Не само што свадбите беа забранети, туку сватовите се веселеа за време на полициски час.

Но таа беше само прва од многуте кои се организираа иако собирањето на толку лица на едно место е забрането.

Можеби ќе ве интересира: