четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

Апел за помош на 84-годишната Душанка од Велес, чиј дом невремето целосно го уништи

117737774_10217629470953396_8398535517353596334_n

Невремето кое го зафати Велес пред пет дена го уништи речиси целиот дом на 84-годишната велешанка Душанка Иванова, која живее заедно со нејзиниот 54-годишен син.

Во невремето настрадаа сандаци со пчели, домашни животни, градина со плодови, со кои едвај се прехрануваат, постелнини, гардероба. Немаат никакви услови за живот.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 117722706_10217629469473359_3475068677089579943_n.jpg
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 117645976_10217629469833368_919446242437545864_n.jpg
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 117743253_10217629470193377_8996420840398604741_n.jpg

„Вистинска среќа е што баба ми го преживеала невремето, благодарение на медицинскиот душек кој ја кренал високо над водата. Ако и дал господ век барем да и помогнеме да ги одживее преостанатите денови од својот живот достоинствено во својот дом, заедно со своите деца. Ве молам да бидеме хумани“, пишува нејзината внука Душица.

Бабата Душанка и нејзиниот син Зоранчо Иванов, живеат од две минимални пензии, но пари не стигнуваат. Голем дел од двете пензии одат за лекови, кои се потребни за старица која страда од срцеви болести, склероза, има рани по целото тело, и е со скршен колк. Згора на тоа по невремето кое се случи во саботата вечер, сите нејзини лекови кои се неопходни и се уништени. Нејзиниот син Зоранчо, кој не ја остава неговата мајка е немоќен сам да се справи во овие тешки моменти, па за тоа очајно бараа помош од сите хумани луѓе.

Мајката и синот од Велес, се надеваат повторно да ја видат светлината на денот. На потег се институциите, кои треба повторно да ги исправат на прав овие луѓе, но и хуманите граѓани, кои барем малку можат да го ублажат страдањето по силното невреме кое ја погоди фамилија Иванови.

Контакт телефон: 075664429 Зоранчо

Можеби ќе ве интересира: