Тело на удавена девојка е пронајдено утрово околу три часот, на брегот на реката Вардар, во близина на детско игралиште во гостиварското село Старо Чајле. Се трага по уште едно машко лице, за кое се претпоставува дека скокнало во обид да ја спаси девојката.
Ноќеска околу полноќ, жители на Гостивар пријавиле дека од мостот кај гостиварскиот пазар во Вардар скокнала прво жена, а потоа и маж. Настанот веднаш бил пријавен во полиција, а освен полицајците, на помош пристигнале и пожарникарите, но и граѓани, кои цела ноќ трагале по исчезнатите.
Потрагата е продолжена од изутринава, формирани се тимови кои детално го пребаруваат течението на Вардар, а чии води синоќа беа значително надојдени, објави Макфакс, повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за настанот, ќе се утврдуваат мотивите и побрзаноста на девојката со момчето коешто скокнало за да ја спаси. Извршен е увид од гостиварската полиција и обвинителството. По наредба на обвинител врз беживотното тело на девојката ќе се изврши обдукција.
Можеби ќе ве интересира: