Тројца велешани заразени од коронавирус

Veles_saat
Veles.BG

Тројца пациенти од Велес се заразени со коронавирус во последните 24 часа, во Македонија има 121 нови случаи.

Најмногу нови случаи има во Скопје 33, па следат Охрид-11, Крива Паланка девет, Куманово осум, Штип,Тетово,Струга,Битола по шест, Кочани пет, Кавадарци и Гостивар четири, Гевгелија, Делчево,Велес и Струмица три, Свети Николе,Прилеп по два, а по еден има во Радовиш,Крушево, Македонски Брод,Берово, Валандово, Виница, и Кичево.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти, починати се двајца пациенти од Прилеп (63 и 83) и еден пациент од Струга (60). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: