вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Таневски повеќе не е тренер на Академија Пандев

Aleksandar Tanevski

Александар Таневски повеќе не е тренер на Академија Пандев. Поразот во Велес од Борец ја прели чашата. Предводникот на струмичани реши да си поднесе оставка, истакна дека тоа го направил поради честа и достоинството која ја има како човек и како тренер.

„По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера“, соопшти струмичкиот прволигаш.

По пет кола во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев се наоѓа на претпоследното, 11.место со само три бода, односно една победа и четири порази.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами