четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

Велешанка касната од куче – домашен миленик

kuce

44-годишна велешанка вчера била касната од куче, кое било во сопственост на нејзините соседи. Инцидентот се случил на месноста „Теќе“, во близина на плоштад Којник.

„На 21.09.2020 во Полициската станица Велес, Д.Ќ.(44) од Велес пријавила дека на ул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Велес била касната од куче – домашен миленик, сопственост на нејзини соседи“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира: