понеделник, 23 ноември, 2020
Реклама

Горан Стојановски, градоначалник на Чашка: Најостро го осудувам насилството врз полицајците

Goran Stojanovski 2

Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски најостро го осудува вчерашниот инцидент во кој петмина полицајци беа повредени, а од нив еден полицаец со тешки повреди се наоѓа на скопските клиники.

„Вчера после 19,30 часот во атарот на село Степанци општина Чашка при извршување на своите работни задачи брутално беа нападнати пет полицајци вработени во П.О Чашка од страна на педесетина дрвокрадци во кој еден полицаец е со посериозни повреди.Како Градоначалник на општина Чашка најостро го осудувам насилството врз полицајците од страна на дивокрадците во општина Чашка . Насилството врз полицијата е сериозно кривично дело и таквите постапки треба најостро да бидат санкционирани.Бесправната сеча на шумите е сериозен проблем на територијата на нашата општина веќе подолг период преку кој се загрозуваат шумите како природно богатство во нашата општина.После настанот ги посетив повредените полицајци во градската болница Велес ,на сите повредени Полицајци од П.О Чашка им посакувам брзо закрепнување и што поскоро враќање кај своите семејства и на своите работни места“, вели Горан Стојановски, градоначалник на општина Чашка.

Инцидентот се случи вчера околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

Екипа на Батали.нет вчера беше на местото на настанот. Се работи за тешко пристапен терен, до кој се стигнува само со теренско возило. Кога околу 23 часот стигнавме во атарот на село Степанци, не забележавме ниту трага од инцидентот, ниту полициски возила и службеници.

Можеби ќе ве интересира: