недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Половина од новозаболените во Штип се вработени во текстилните фабрики

Albatros konfekcija 3

Половина од новите случаи на корона вирус во Штип се текстилни работници. Останатите во најголем дел  се членови на нивните семејства и други контакти. Општинскиот кризен штаб се уште чека одговор од Комисијата за заразни болести од каде очекуваат конкретен протокол за превозот на работници бидејќи некои од превозниците не ги почитуваат до крај здравствените мерки.

Работодавачите сметаат дека сите треба да ги почитуваат мерките, државата да не биде селективна.  Сепак нагласуваат дека вистинскиот проблем во текстилството ќе се случи по крајот на пандемијата, најмногу поради недостаток на стратегија.

На тема Корона криза и нејзино справување на локално ниво денес се дебатираше во рамките на четвртата Текстилијада што годинава е посветена на кршењето на работничките права во време на пандемија.

Moжеби ќе ве интересира: