недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Нови хоспитализирани велешани по рекордниот ден по број на заразени од коронавирус

bolnica veles

На инфективното одделение во велешката болница од синоќа се хоспитализирани 34 пациенти или тројца повеќе во однос на претходниот ден. Од нив, 32 имаат позитивен тест на коронавирус, а двајца се водат како сомнителни случаи. Дванаесет пациенти имаат потешки симптони на болеста и добиваат кислородна поддршка.

Од велешката болница вчера информираа дека капацитетот на инфективното одделнеие е зголемен за уште осум легла и може да прими 54 пациенти.

Вчера во Велес беше регистриран рекорден број на заразени во еден ден, откако 17 велешани беа позитивни на коронавирус. Со новите случаи, во Велес има 94 активни случаи на ковид-19. Од почетокот на пандемијата досега со вирусот се заразија 425 велешани, 314 пациенти оздравеа, а 17 ја загубија битката со болеста.

Можеби ќе ве интересира: