Реклама

Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел

Амди Бајрам кој почина вчера на 64-годишна возраст, попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел.

Поранешниот пратеник до неговото вечно почивалиште беше испратен со голема поворка до гробиштата во Бутел. 

Претходно синот на Бајрам ги повика сите кои сакаат, да се приклучат на поворката, со апел да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

„Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко, и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.“ – рече Габриел Бајрам.

Инаку, Управата на градските гробишта Бутел ја демантираше веста дека поранешниот пратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните. На погребот на порашениот пратеник присуствуваа стотици граѓани кои со оглед на дождливото време мораа да се групираат под поставените шатори за оваа намена. 

Министерството за здравство соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем било утврдено дека бил позитивен на коронавирусот, а од Центарот за јавно здравје соопштија дека во тек е епдемиолошка анкета на семејството Бајрам.

Moжеби ќе ве интересира: