Реклама

Донарума позитивен на тестот, Ковид 19 повторно прави проблеми во Серија А

Donaruma

Џиџи Донарума, Јенс Петер Хауге и уште тројца членови на стручниот штаб на Милан се позитивни на брисот Ковид 19 според резултатите добиени од лабораторијата минатата ноќ.

Фудбалскиот клуб Милан го објави ова, објаснувајќи дека сите се асимптоматски, веднаш биле подложени на изолација во домот и биле информирани локалните здравствени власти.

Agria

„Денес целиот тим беше повторно тестиран, според протоколот, и не беа пронајдени нови позитивни резултати“, изјавија од клубот.

Милан вечерва треба да го одигра натпrеваrот со Рома на Сан Сиро во рамките на петото коло.

Можеби ќе ве интересира: