Реклама

Викендов нема фудбал во Македонија, одложени сите натпревари од ПМФЛ

borec

Поради донесувањето на најновите измени во законот за превенција од пандемијата на Ковид-19 со кои од Комисијата за заразни болести беше препорачано ПЦР тестови за секој клуб најмалку на 72 часа пред секој натпревар, фудбалските клубови ширум земјава не можејќи сето тоа да го испочитува побараа одложување на натпреварите.

Поради тоа и ФФМ и официјално ги одложи сите фудбалски натпревари предвидени за викендот што следи.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, соопштија од ФФМ.

Екипата на велешки Борец во ова коло требаше да ја пречека екипата на Пелистер.

Можеби ќе ве интересира: