Реклама

Македонија до 21 година со победа ги заврши евро-квалификациите

Makedonija U 21

Репрезентацијата на Македонија до 21 година иако беше ослабена денес успеа да слави победа против Црна Гора со 2:1.

Стрелци на головите беа Марко Ѓорѓиевски во 13-та и на Бојан Миовски од пенал во 78-та минута, додека Црногорците го ублажија поразот преку Никола Крстовиќ, најдобриот фудбалер и капитен на Црна Гора кој погоди на пет минути пред крајот

Македонија ги заврши квалификациите со одлична серија од пет меча без пораз. Оствари три победи и одригра две реми средби, што беше доволно за 18 бода и второ место, веднаш зад фаворизираната Шпанија.

Сепак тоа не беше доволно за да обезбеди пласман на европското првенство или преку бараж да се бори за место на континенталниот самит на надежи.

Можеби ќе ве интересира: