вторник, 24 ноември, 2020
Реклама

Ќе се пошумува опожарениот дел на велешкото езеро „Младост“

Ќе се пошумува опожарениот дел на велешкото езеро „Младост“. Акцијата ќе се одржи на 12 декември, но доколку временските услови тоа не го дозволат, тогаш пошумувањето ќе се помести една недела подоцна. Ваква одлука донесе Координативното тело за преземање на активности за реализација на опожарениот дел од локалитетот Езеро Младост на последната онлајн седница.

Градоначалникот Аце Коцевски рече дека подготвителните активности на терен и обработката на почвата ќе ги изврши Шумското стопанство „Бабуна“, а додека организациските активности, односно набавката на садниците ќе ја реализира Општина Велес.

,,Од Буџетот на Општина Велес и донаторската сметка се обезбедени средства за набавка на 12.000 садници на багреми кои ќе се посадат на површина од 10 до 12 хектари. На седницата на Координативното тело се изрази и огромно задоволство од резултатите од акцијата за пошумување што се одржа на 27 декември минатата година кога беа засадени 13.700 садници и речиси сите опстанаа, што ретко се случува“, рече Коцевски.

Тој упати апел до сите добронамерни граѓани, вљубеници во природата, да земат активно учество во акцијата за пошумување и со засадување на неколку дрвца да придонесат во обновувањето на природата во нашиот град. На акцијата за пошумување ќе се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, рече Коцевски.

Можеби ќе ве интереисра: