понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Коронавирусот зема уште жртва во Велес

infektivno veles

Велешанец на возраст од 71 година е 57-та жртва на коронавирусот во Велес. Тој денеска починал во велешката болница, откако претходно имал позитивен тест за ковид-19.

Од болницата информираат дека на трите ковид оддели денеска се лекуваат вкупно 80 пациенти, од кои 63 имаат потврдени позитивни тестови, деветмина се сомнителни случаи, а осум пациенти се со негативни тестови на вирусот. Дури 28 пациенти имаат потешки симптоми и се на кислородна поддршка.

Agria

На инфективното одделение се хоспитализирани 51 пациенти, на одделението за физикална терапија има 18 пациенти и на интерното одделение се лекуваат 11 пациенти.

Во моментов во Велес има 784 активни случаи со коронавирус, а од почетокот на пандемијата до сега се заразија вкупно 1739 велешани. Од нив 899 се излечија.

Можеби ќе ве интересира: