Реклама

Ново поскапување на бензините

Benziska pumpa

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по еден денар за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 62.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар. Еден литар дизел ќе чини 53.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.