Реклама

Двоцифрени бројки на заразени од ковид-19 во Велес

veles

Во последните 24 часа во Велес се регистрирани 20 нови позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 15 велешани, со што бројката на активни случаи на ковид -19 е 388.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти, починати се 12 лица, четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106.

Можеби ќе ве интересира: