Реклама

(ФОТО) Оштетена е новогодишната елка во Младински парк, не е безбедна за посетителите

Новогодишната елка поставена во Младинскиот парк во Велес не е безбедна за посетителите. Несовесни граѓани деновиве ги искинале каблите на светлечките елементи, па оголени жици висат на елката и на тревникот пред неа.

Од Општина Велес велат дека ќе го исклучат доводот на струја до светлата на елката, но и покрај тоа, апелираат до граѓаните на внимателност.

„Општина Велес ги известува граѓанките и граѓаните дека поради оштетени светлечки кордони на новогодишната елка во Младински парк, од страна на несовесни граѓани, истата повеќе не е безбедна за посетителите на паркот. Поради тоа службите на Општина Велес ќе извршат исклучување на новогодишната елка, а во текот на наредните денови, во зависност од временските услови, ќе се изврши и демонтажа на елката“, велат од Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира: