четврток, 21 јануари, 2021
Реклама

Пукотници кај Градска болница, повредени две лица

Две лица се повредени и пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) откако во деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир, при што било употребено и огнено оружје.

МВР информира дека денеска во 13:04 часот во СВР-Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.

Оттаму додаваат дека четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во моментот пред Градската болница има и полициски службеници, кои го обезбедуваат местото и донесените повредени учесници во престрелката.

Можеби ќе ве интересира: