понеделник, 8 март, 2021
Реклама

Лазар Ракиџиев повторно избран за прв човек на Општински фудбалски сојуз Велес

Лазар Ракиџиев е повторно избран за претседател на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес (ОФС Велес). Ракиџиев денеска го доби апсолутното мнозинство од делегатите на Изборното собрание и со 35 гласа доби нов, четиригодишен мандат. За потпретседател на ОФС Велес е избран Роберт Гочевски, а делегатите го избраа и новиот состав на Управниот одбор.

Ракиџиев, заедно со Драган Јорданов, Борис Леов и Тони Димевски се избрани за делегати на Собранието на ФФМ, кое пролетва треба да избере претседател со четиригодишен мандат.

Kegi Mobi

„Во својот претходен мандат заедно со ФФМ успеавме да донесеме столчиња на Градски стадион во Велес, вештачка трева како подлога, се реновираа соблекувалните. Веќе е потпишан договорот и за санација на помошното игралиште и изградба на трибини“, рече Ракиџиев, заблагодарувајќи се на довербата.

На крајот, старо-новиот претседател на ОФС Велес соопшти дека ФФМ ќе им додели по 15 илјади денари како помош на екипите од општинските лиги. На изборното собрание на ОФС Велес беше присутен и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Можеби ќе ве интересира: