понеделник, 8 март, 2021
Реклама

Новите подземни контенјнери премногу комплицирани за велешани

Наместо во новите подземни контејнери кои деновиве се поставени на неколку локации во Велес, граѓаните ѓубрето го фрлаат покрај нив. Сликата околу нив е грда, поради расфрланиот смет, кои потоа уличните кучиња и мачки го растргнуваат низ улицата.

Дали граѓаните не знаат како да го отворат капакот на новите контејнери или се работи за стара и лоша навика – вистината е некаде помеѓу. Поради тоа од ЈКП Дервен излегоа со соопштение и кратко упатство за употреба.

Kegi Mobi

,,Апелираме до граѓаните кои живеат во близина на новиот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, сметот од домаќинствата да го оставаат во новопоставените подземни контејнери кои се лоцирани подолу од новата театарска зграда, на местото каде претходно стоеа садовите за смет, а не околу нив. Начин на употреба: Се притиска педалата, се крева капакот и се остава сметот во кесата.Благодариме однапред“, пишува во апелот на ЈКП Дервен.

Можеби ќе ве интересира: