понеделник, 8 март, 2021
Реклама

ФФМ одговори на АМС: Драг Наумче Мојсовски, за вакви работи се одговара!

ФФМ денеска реагираше на соопштението на Агенцијата за млади и спорт (АМС) дека фудбалската федерација не работи во согласност со законот. На прес конференција, претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини го нападна првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски за притисоци врз клубовите за неодржување на редовното собрание на ФФМ, како и за изнесување невистини во нивната вчерашна објава.

„Во текот на вчерашниот ден до мене стигнаа шпекулации дека претставници на клубови од македонската лига се повикувани во државни институции и присилувани да потпишат поддршка за бојкот на собранието, уценувани со поделба на ваучерите. Шпекулациите отидоа дотаму што на големо се споменуваше и името на премиерот на државата. Одбивав да верувам на таквите игри се додека не го прочитав соопштението од АМС. За ова Наумче Мојсовски, директор на АМС, треба да знаеш дека се одговара. За ваквиот начин за постапување се известени и УЕФА и ФИФА кои го следат случајот.  Недај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да соопштам дека ваквото однесување може да донесе квантен скок во македонскиот фудбал и нашите селекции, но наназад. Причината за тоа нема да биде ФФМ или јас како претседател, туку срамното однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз ФФМ“, рече Сејдини.

Kegi Mobi

За инспекцискиот надзор во ФФМ во кој се утврдени низа неправилности спротивно со Законот за спорт, Сејдини рече дека тие немале право на жалба, но имале право на тужба, која е поднесена и добиена во нивна корист.

„Бидејќи овој ‘сакам кажам, не знам речам’ начин на комуникација е нивен избр, а ние на сила сме принудени да се браниме од тоа што не е вистина, тука пред вас и целата јавност ја објавувам пресудата од тужбата против поништеното Решение кое АМС најави дека ќе го спроведува. Пресудата вели дека тужбата на тужителот ФФМ се уважува. Решението се поништува“, рече Сејдини.

Од новинарите тој доби прашање дали повторно би се кандидирал за прв човек на македонскиот фудбал.

„На 3. март ќе се собере изборното собрание на ОФС Кичево, ако ме изберат ќе се кандидирам“, одговори Сејдини.

Можеби ќе ве интересира: