понеделник, 8 март, 2021
Реклама

(ВИДЕО) „Гемиџии“ побараа „ладни глави“ за светла иднина на Борец

Навивачката група „Гемиџии“ попладнево го одржа најавениот мирен протест пред театарот „ЈХК Џинот“ во Велес, на кој уште еднаш ја искажаа поддршката за ФК Борец и апелираа двете спротивставени страни, раководството на велешкиот прволигаш и ОФС Велес, да најдат заеднички јазик и да го решат спорот во интерес на фудбалот во градот.

„18 години години очекувавме Борец да дојде во првата лига, сега го имаме таму и да не оставиме тоа да згасне повторно, па да не знаеме кога повторно ќе имаме можност да гледаме фудбалски натпревари од висок ранг во Велес. Очекуваме тој еден клучен делегат кој го бара Борец во ФФМ, тројца делегати од ОФС Велес и наоѓање заеднички јазик, во интерес на фудбалот во градот“, рече Ристе Најдов од навивачката група „Гемиџии“.

Kegi Mobi

Протестот траеше од 16 до 18 часот, во кој период беше блокирана за сообраќај главната улица во градот. Атмосферата од протестот можете да ја видите на лседниве линкови:

https://www.facebook.com/batali.net/videos/412957103116448

https://www.facebook.com/batali.net/videos/120732473244561

https://www.facebook.com/batali.net/videos/769814460306604

Реакцијата доаѓа една недела, откако сопственикот на Брако и главен спонзор на Борец, Кочо Анѓушев најави дека е можно да престане да го спонзорира клубот, револтиран од, како што рече, односот на ФФМ, но и на велешките делегати во Фудбалската федерација кон Борец и побара ново изборно Собрание на ОФС Велес, на кое ќе меѓу делегатите ќе има и претставник на Борец. Претседателот на ОФС Велес Лазар Ракиџиев изјави дека не сака Анѓушев да си замине од Борец, но дека нема намера да свикува ново изборно Собрание. Овој спор создаде неизвесност околу иднината на велешкиот прволигаш.

Можеби ќе ве интересира: