Реклама

Во Хрватска пописот одложен, ќе се спроведе наесен и тоа во две фази

popis Hrvatska

Пописот на населението што требаше да се спроведе пролетва во Хрватска ќе се спроведе на есен и тоа во две фази, од 13 септември до 17 октомври.

Хрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата, а во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.

Kegi Mobi

Хрватска Влада го задржува правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови и за негово спроведување наесен.

Во Хрватска повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, па од владата најавија заострување на мерките.

Можеби ќе ве интересира: