Реклама

Лоши вести од Србија, во последното деноноќие регистрирани 5.471 нови заразени

Belgrad-Srbija

Српските медиуми пренесуваат дека во Србија се регистрирани 5.471 новозаразен со коронавирусот, а 39 лица починале поради компликации предизвикани од ова респираторно заболување, а на респиратори се 276 пациенти од вкупно 7.205 хоспитализирани.

Во изминатите 24 часа направени се 18.528 тестови, а од почетокот на епидемијата 3.406.642.

Kegi Mobi

Во соседна Србија од почетокот на епидемијата починале 5.270 лица, стапката на смртност е 0,88 проценти, а до овој момент се заразиле 595.489 лица.

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, рече дека во болниците има места за следните 24 часа, можеби малку повеќе, и потоа, како што рече, треба да се отвораат нови капацитети.

Стевановиќ кажа дека голем е бројот на сè помлади кои имаат тешки клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.

Можеби ќе ве интересира: