Реклама

37-годишно лице е најмладата жртва како последица од Ковид-19, значително опаднат бројот на нови заразени велешани во изминатото деноноќие

Bolnica Veles

Нема починат велешанец во ковид статистика на починати лица информира Министерството за здравство, а во изминатите 24 часа се регистрирани 16 нови случаи на ковид-19 во Велес. Оздравени се 42, а бројот на активни случаи во градот се искачи на 788 лица.

Во последните 24 часа се направени 1431 тестирања, а регистрирани се 301 нов случај на КОВИД-19 во:

Agria
Kegi Mobi

Скопје – 174, Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.

Состојбата на оздравени пациенти во изминатите 24 часа по градови е следна:

Скопје – 174, Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се починати вкупно 37 лица како последица од Ковид-19.

9 од Скопје ( 74г , 81г , 47г , 60г ,69г , 76г , 79г , 77г , 61г , ) , 6 од Прилеп ( 42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г) , по 3 од Тетово ( 65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г) , – по 2 од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г) , Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и – по 1 починат од Битола (59г) , Охрид (82г) , Кичево (37г) , Неготино (64 г) ,Свети Николе (79г),Крива Паланка (73 г) и Дебар ( 43г). 36 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 643 004 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 135 167, бројката на оздравени пациенти е 110 388, на починати е 3 977, а бројот на активни случаи изнесува 20 802.

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 99. Од нив, 90 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни на вирусот, и тројца имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 49 пациент. На инфективното оддееление има 54 пациенти, на интерното пет и во Модуларната болница се лекуваат 40 пациенти.

Можеби ќе ве интересира: