понеделник, 12 април, 2021
Реклама

Во Велес повеќе оздравени од заразени во последите 24 часа

Veles nov most Fevruari

Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови 29 позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 40,починати двајца пациенти на 72 и 85 годишна возраст. Бројот на активни случаи во Велес е 798.

Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во:

Kegi Mobi

Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по – 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш – по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница – 10, Крива Паланка и Берово – по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.